Поранешен соиграч на Азар го издаде Белгиецот: Претера со килажата затоа што обожава хамбургери и пица


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полскиот голман, Марсин  Булка кој од оваа година е под договор со ПСЖ, јавно проговори за неговиот поранешен соиграч Еден Азар.

Булка во Паризсе пресели од редовите на Челси каде исто така беше трет голман, а имаше шанса од блиску да работи со Еден Азар, најдобриот тогашен  играч на Челси.

„Еден сака хамбургери и пица, многу пати го имам видено во пицерија. Не го интересира ништо освен фудбал и добра забава. Во Челси тоа не беше проблем, но во Реал посебно по неодамнешната повреда, веројатно малку претерал со тежината“ –изјави Булка.