„Порано играв со Ибра на Плејстејшн, а сега му асистирав за гол“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ ја препороди екипата на Милан, кој игра многу подобро од стартот на сезоната, па вчера се пласираа и во полуфиналето на италијанскиот Куп.

По победата од 4-2 против Торино се огласи младиот Рафаел Леао, кој е импресиониран со фактот дека игра во иста екипа со Швеѓанецот.

„Порано играв со него на Плејстејшн, а денеска му асистирав за гол. Никогаш немој да престанете да сонувате“, напиша Леао.

Младиот фудбалер ќе има што да научи од Ибрахимовиќ и можеби тој ќе му биде најдобар учител во животот.