Португалците најпосакувани на пазарот, Клоп за еден дава вистинско богатство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После тоа што во ова лето во Франција Португалиja освои сензационално злато, репрезентацијата на актуелниот шампион на Европа стана жешка роба на пазарот.

Откритието на ЕП, спектакуларниот вундеркинд на Португалија Ренато Санчез од Бенфика премина во Баерн непосредно пред Евро, но директорот на Баварците Карл Хајнц Румениге призна дека имаа среќа, бидејќи одличнот играч за врска после евро ќе чинеше драстично повеќе.

Нани, кој во Франција играше како во најдобрите денови, од Фенербахче отиде во Валенсија, Рафаел Гереро го напушти Лориен и ги засили редовите на Борусија Дортмунд, од Валенсија Андре Гомеш предизвика нови спорови на релација Барселона –Реал, кој за оштета од 35 милиони евра со дваесет милиони разни бонуси сепак ја избра Каталонија наместо Кастиља.

Уште еден Португалец кој со камати изгледа ќе го наплати европското злато е играчот за врска на Спортинг Жоао Марио.

Англиските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп многу е заинтересиран за Португалецот, кој блескаше на Евро, чувајќи го грбот на Нани и Роналдо.