Потег во очај: „Ѓаволите“ му плаќаат на Санчез за да замине од тимот!


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Манчестер јунајтед ќе се обиде со сите сили летово да го продаде, односно да се ослободи од Алексис Санчез, кој ги разочара сите по пристигнувањето на „Олд Трафорд“.

    Јунајтед му даде огромна плата, а Чилеанецот со бонуси заработува пола милион фунти неделно, но поради тоа што не покажа ништо, управата сака да се ослободи од него.

    Раководството е подготвено да му плати дури 13 милиони фунти само за да си замине од клубот. Тоа е половина од сумата, која во наредните две сезони би ја заработил во тимот.

    Со заминувањето на Санчез клупскиот буџет би бил олеснет, а англискиот гигант наместо него би можел да плаќа други две-три големи ѕвезди.