Потер: Разочаран сум, но потребно им е време на новите фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси одигра реми против Фулам и сè уште не знае за победа, иако во текот на зимскиот преоден рок ангажираше голем број засилувања.

Тренерот на Челси, Грем Потер им даде шанса на дел од фудбалерите на теренот, меѓутоа екипата не изгледаше организирано на теренот.

„Од самиот почеток имавме добра атмосфера. Играчите се бореа еден за друг против организиран тим. Потребно им е време на новите фудбалери да се прилагодат. Не е едноставно и разочаран сум од резултатот, но работите ќе се променат“, кажа Потер.

Челси во моментов е на деветтата позиција со 30 бодови, додека Фулам е на шесто место со два бода повеќе.