Потер за Феликс: Неговиот потег ја покажа нашата ситуација!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси загуби на гостувањето кај градскиот ривал Фулам со 1-2, а фудбалерите на поранешниот шампион повторно изгледаа ужасно на теренот.

Тренерот на Челси, Грем Потер е под голем притисок, а го загуби и најголемото засилување Жоао Феликс кој доби директен црвен картон и мора да паузира три меча.

Феликс беше одличен на теренот, но во желба да стигне до една топка реагираше опасно и заработи исклучување.

„Потегот на Феликс ја покажа нашата ситуација. Сè ни оди во погрешен правец. Жоао сакаше да прекине противничка акција и да стигне до топката, немаше намера да го удри противникот“, вели Потер.