Повредата е посилна од желбата: Надал нема да игра во Доха и Дубаи


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на турнирите во Доха и Дубаи, кои се играат во следните две недели.

Надал го повреди колкот на Австралијан опен, а од почетокот на сезоната загуби дури три меча и победи само на еден, поради што следеше падот на АТП-листата.

Шпанецот ќе мора да одмора од шест до осум недели и негова цел е да се подготви за Мастерсот во Индијан Велс, каде што минатата година стигна до финалето и доколку не настапи оваа година, ќе загуби бодови со кои ќе испадне од топ-10.