Познат фудбалски судија доживеал срцев удар!

Познатиот фудбалски судија на УЕФА, Овидиу Хацеган завршил во болница во Темишвар откако доживеал срцев удар.

Романските медиуми откриваат дека Хацеган почуствувал болка во градите во својот дом во Арад и тоа откако завршил со физички вежби.

„Го донесоа со возило на итната помош во сериозна здравствена состојба, по што мораше да му биде вграден стент. Во моментов е стабилен и може да комуницира, но не е познато дали ќе може да ја продолжи кариерата“, соопштија од медицинската екипа во болницата.