Познат новиот датум за дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед требаше да игра против Ливерпул во неделата, но натпреварот беше одложе поради протестите на навивачите на „Олд Трафорд“.

Навивачите на Манчестер јунајтед упаднаа на „Олд Трафорд“ неколку часа пред мечот и поради тоа Премиерлигата го одложи натпреварот.

Фановите не се задоволни од потезите на семејството Глејзер, кое сакаше да формира европска Суперлига заедно со уште 11 други гиганти.

Поради густиот распоред беше јасно дека мечот ќе се игра во следните денови, а денеска Фудбалската Асоцијација потврди дека дуелот ќе се одигра следниот четврток од 21.15 часот.

„Одложениот натпревар меѓу Јунајтед и Ливерпул ќе се игра на 13 мај во Манчестер“, потврдија од ФА.