Познат составот со кој Македонија вечерва ќе ја нападне Финска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Данило Брестовац заедно со ракометарите вечерва во салата „Борис Трајковски“ ќе се пресмета против Финска од 20 часот.

Од составот за мечот отпадна голманот на Вардар, Кизиќ, додека место во селекцијата доби Дарко Георгиевски.

Прв голман на македонската селекција ќе биде Никола Митревски од Порто, а негова замена ќе биде Мартин Томовски од Лудвигсхафен.

Во екипата ќе биде и Велко Маркоски, кој дојде во репрезентацијата откако претходно отпаднаа Танкоски, Велкоски и Поповски.