Позната тенисерка ги зголеми градите, па отвори профил на сајт за возрасни (Фото)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Француската тенисерка Осеана Додин неодамна привлече големо внимание од јавноста откако отворено зборуваше за зголемувањето на градите, а сега направи уште еден потег што предизвика многу реакции.

Додин одлучи да отвори профил на платформата OnlyFans, каде што на своите следачи ќе им нуди содржина достапна со претплата.

Французинката во крајот на септември се врати на тенисот по едногодишна пауза поради проблеми со внатрешното уво кои влијаеа на нејзиниот баланс. Во периодот без тенис одлучи и на естетска интервенција за која потоа јавно говореше без задршка.

Додин на Инстаграм ја следат повеќе од 75.000 луѓе, а значаен дел од содржината што ја објавува не е директно поврзан со тенисот.

Својот нов проект на OnlyFans го опиша со зборовите:

„Тоа е свет каде што тенисот се среќава со сензуалноста.“

Говорејќи претходно за РМС Спорт, објасни и зошто одлучи да ги зголеми градите.

„Морав да направам долга пауза поради повредата и решив да го искористам времето за да го направам она што одамна го сакав – да ги зголемам градите. Воопшто не се срамам за тоа. Си реков дека подобро е тоа да го направам сега отколку да чекам крајот на кариерата и да имам 40 години“, рече Додин.

Погледни го овој пост на Инстаграм

Пост од споделување на Oceane Dodin (@oceane_dodin)

.