Позната здравствената состојба на Горан Пандев, може да се здивне...

Многумина во Македонија останаа уплашени откако Горан Пандев го напушти теренот на натпреварот против Болоња во 13. минута поради повреда.

Паденв се жалеше на болки во коленото,  и многумина стравуваа за најлошото, но веројатно за среќа не се работи за тешка повреда.

Пандев се очекува да биде подготвен дури и за натпреварот со Лацио кој ќе се игра следниот викенд што значи дека ќе биде предводник на нашата репрезентација на еден од клучните натпревари во историјата против Косово кој е претпоследна пречка пред пласман на Европско првенство.