Познати паровите во Карабао Купот: Ливерпул не може да игра?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ждрепката во четвртфиналето во Карабао Купот беше одржана денеска, а во вториот дел од натпреварувањето ќе имаме два дуели на клубови од Премиерлигата.

Многу среќа имаа градските ривали Манчестер сити и Манчестер јунајтед, кои за противници добија нисколигаши (Оксфорд, односно Колчестер), Ливерпул ќе игра против Астон Вила, а Евертон против Лестер.

Сепак, пласманот во четвртфиналето му направи проблем на тимот на Јирген Клоп, зашто не може да го одигра мечот планиран за 16 декември.

Причината е учеството на клупското светско првенство, кадешто Ливерпул ќе учествува на 18 декември во полуфинале на натпреварувањето, па поради тоа Фудбалската Асоцијација на Англија ќе мора да им даде друг термин.