Познати се деталите: Милан се договори со Леао!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медуми пишуваат дека Милан постигнал договор со португалскиот репрезентативец Рафаел Леао за продолжување на соработката.

Милан ќе го направи Леао најплатен фудбалер во екипата, а исто така ќе го подмири неговиот долг кон Спортинг Лисабон од 19 милиони евра.

Долго време се водеа преговори меѓу двете страни, а на Леао приоритет му беше повисока плата и подмирување на долгот кон поранешната екипа.

Во следниот период ќе се договораат останатите детали од соработката меѓу двете страни, по што се очекува официјална потврда.

Леао досега одигра 121 меч за Милан и притоа постигна 33 гола, додека за Португалија има 18 настапи и три погодоци.