Познати се паровите од осмина финалето на Европското првенство


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со вечерашните натпревари е завршена групната фаза на Европското првенство во Франција.

Имињата на 16 најдобри селекции на Европа  се познати, а веќе во осмина финалето ќе имаме неколку навистина жестоки дуели.

Најмногу внимание секако привлекуваат дуелите Хрватска и Португалија, а дерби на сите дербиња е репризната од финалето од 2012, дуелот меѓу Шпанија и Италија.

Истотака, во осмина финалето ќе гледаме дуел меѓу Франција и Република Ирска, селекции кои баш и не се сакаат, поради спорниот гол на Тиери Анри од пред неколку години.

Првенството продолжува веќе во сабота кога ќе го гледаме и првиот голем дуел меѓу Хрватска и Португалија на стадионот во Ленс.

Распоред на осмина финалето:

Франција – Република Ирска

Унгарија – Белгија

Велс – Северна Ирска

Швајцарија – Полска

Хрватска – Португалија

Германија – Словачка

Италија – Шпанија

Англија – Исланд