Познато каде ќе ја заврши кариерата Бензема, а тоа не е – Реал Мадрид!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема важи за еден од најдобрите напаѓачи, а во прилог на тоа му оди и времето минато во Реал Мадрид.

Иако сите мислеа дека кариерата ќе ја заврши во шпанскиот шампион, сепак тоа нема да се случи, а тоа го потврди и Жунињо, спортскиот директор на Лион.

„Сите во Лион сонуваме да се врати Бензема и сакаме да одигра една-две сезони во нашиот клуб пред да се пензионира. Го чекаме вистинскиот момент за да му го презентираме нашиот проект. Имавме одлични разговори со него. Имам голема почит, зашто игравме заедно“, кажа Жунињо.

По изјавата на поранешниот фудбалер не би чудело доколку наскоро го видиме Бензема во дресот на Лион.