Познато кога Хамилтон ќе потпише нов договор со Мерцедес


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Мерцедес, Тото Волф објави дека Луис Хамилтон би можел да го продолжи договорот со екипата до трката за Големата награда на Канада.

Хамилтон има договор со Мерцедес на уште шест месеци, а се шпекулираше дека ќе потпише за Ферари, но такво нешто дефинитивно нема да се случи.

„Наскоро ќе потпишеме нов договор, зборуваме за денови, а не недели. Имаме добар однос“, кажа Волф.

Медиумите пишуваат дека Хамилтон ќе потпише повеќегодишен договор со Мерцедес.