Правел пици и служел пијалоци за да преживее, а сега стана шампион на Суперболот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Канзас сити, Рашaд Фентон во Суперболот се врати на местото кое му остана во сеќавање засекогаш и го потсети на детали од детството.

На познатиот „Хард рок стадион“ Фентон ја освои титулата во НФЛ. Младиот бек на Чифс во минатото работел на стадионот во Мајами така што продавал пици и пиво, а притоа заработувал пари за да преживее.

„Работев тука секој викенд. Служев луѓе со пиво и правев пица. Сега сум тука и станав шампион. Навистина чудна и интересна приказна. И понатаму е како да сум во сон. Не можам да се разбудам. Во облаци сум и тоа многу ми се допаѓа“, напиша Фентон на Твитер.