Пред медицинскиот центар на Јуве се собираат навивачи, се чека засилувањето (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Артур синоќа доцна пристигна во Торино, а уште денеска ќе ги направи медицинските прегледи за да потпише за Јувентус.

Артур по мечот против Селта Виго замина за Торино, а во Италија стигна веднаш зад полноќ. Ќе има медицински прегледи, како и Миралем Пјаниќ, кој ќе го замени во Барселона.

Бразилецот треба да пристигне во медицинскиот центар во овие моменти, а пред него се појавија првите фанови за да го пречекаат.

Остануваат уште формалности, но се верува дека во текот на денот Јувентус ќе го потврди трансферот на 23-годишниот фудбалер.