Пред седум години го „покоси“ Јувентус, а на ист датум му пресуди и на Милан (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мануел Локатели беше човекот кој обезбеди три бода за Јувентус на тешкото гостување кај Милан на „Сан Сиро“ во рамки на Серија А.

Локатели е дете на академијата на Милан и пред седум години го расплака Јувентус, а на ист датум стрелаше против „росонерите“.

„Голот од пред седум години ми беше во мислите уште пред мечот. Ова навистина беше игра на судбината, неверојатно е дека постигнав гол на ист ден, седум години подоцна, но со различен дрес. Знаев дека е истиот датум, тоа го зборував со сите во семејството и затоа овој гол им го посветувам нив“, кажа Локатели.