Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го игра вториот натпревар на Ролан Гарос и негов противник ќе биде Мартон Фучович од Унгарија, но еден од најдобрите тенисери сè уште е во центар на внимание поради пораката „Косово е Србија“.
Ѓоковиќ испрати порака по победата против Александар Ковачевиќ и тоа предизвика бурни реакции и барања за казна на Србинот, но организаторите на Ролан Гарос кажаа дека не постои правило кое е прекршено.
Француската министерка за спорт, сепак, смета дека Србинот не смее да го повтори тоа ако сака да избегне казна.
„Пораката која ја испрати Ѓоковиќ беше политичка. Тоа не смее да се повтори“, кажала француската министерка.