Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Натпреварот меѓу Воска Спорт и Вардар заврши предвреме, околу 15 минути пред конечниот свиреж, бидејќи играчите на домаќинот решија да го напуштат теренот на резултат 1-1.
Охридскиот тим поведе во првиот дел од натпреварот со голот на Осеи. Гостите од Скопје израмнија на 74-тата минута по една спорна ситуација во шеснаесетникот на Воска. Незадоволството на домашните беше очигледно, проследено со бурни реакции, иако натпреварот кратко продолжи.
Сепак, по краток период натпреварот беше дефинитивно прекинат, кога фудбалерите на Воска Спорт одлучија демонстративно да го напуштат теренот поради незадоволство од судиските одлуки.