Прекрасен потег: Стерлинг се огласи по навредите на Англичаните кон Гомез (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од најголемите англиски ѕвезди, Рахим Стерлинг се огласи на социјални мрежи, откако Џо Гомез беше жртва на англиските навивачи во мечот против Црна Гора.

Стерлинг се степа со Гомез на тренингот на Англија, по што беше суспендиран од селекторот, но и покрај тоа реши да застане во одбрана на сонародникот.

„До сите навивачи на Англија, сакав да молчам за тоа што се случи, но вечерва морам повторно да зборувам. Ми беше многу тешко да му свирите на мојот соиграч за нешто што е моја вина. Џо не направи ништо и тешко ми беше да видам како му се случува тоа на невин човек. Посебно е погрешно да се исвиркува по тешката недела, која ја преживеа. Земам целосна одговорност за тоа што се случи и ги прифаќам последиците, зашто јас сум виновен“, порача Стерлинг.