Премиерот го критикуваше Ѓоковиќ: Мислеше дека е поголем од турнирот, епа не е!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Деветкратниот освојувач на Австралијан опен, Новак Ѓоковиќ не доби шанса да ја брани титулата во Мелбурн затоа што беше депортиран поради тоа што властите му ја укинаа визата.

Откако пристигна на Австралијан опен, во спортот се вмешаа различни спортисти, а меѓу најгласните беше премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрјуз.

Ендрјуз ја повтори изјавата на шпанскиот тенисер Рафаел Надал од пред неколку дена и кажа дека турнирот без Ѓоковиќ е успешен.

„Надал беше во право. Сè можеше да биде избегнато ако Ѓоковиќ се вакцинираше, но тоа не го направи. Мислеше дека е поголем од турнирот, епа не е. Затоа турнирот се игра без него и тоа е успех“, кажа премиерот.

Премиерот на сојузната држава кажа дека не е вистина информацијата дека навивачите си ги барале парите назад.