Пресврт или провокација од Надал: Би сакал Ѓоковиќ да игра, но не можам против правдата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повторно испрати порака по одземањето на визата за престој на Новак Ѓоковиќ, кој нема да настапи на Австралијан опен.

Надал го почна турнирот со триумф во три сета против Маркос Хирон (6-1, 6-4 и 6-2), по што даде кратка изјава за Ѓоковиќ.

„Веќе сум изморен од приказните. Пред една недела, кога го доби првиот спор, кажав дека правдата победи. Тогаш соопштија дека визата е во ред. Вчера кажаа нешто поразлично, а јас никогаш нема да одат против правдата“, вели Надал.

Ова му беше трета изјава, откако при една кажа и дека му одговара што Ѓоковиќ не е на турнирот за да нема конкуренција за трофејот.

„Секогаш имав почит кон своите ривали. Во соблекувалната е полесно кога имаш добри односи со колегите, посреќни се, животот е полесен. Со Новак тоа не е исклучок, секогаш сме имале добри односи“, кажа Шпанецот.