Пресврт во Вардар: Самсоненко останува, остануваат и играчите- Ќе се атакува на титулата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако пред неколку денови беше најавено дека Сергај Самсоненко ќе се повлече од ФК Вардар, денес стигнуваат нови информации.

По средбата на рускиот бизнисмен со играчите на скопскиот клуб била донесена одлука тој да остане во Вардар, а истото да го сторат и играчите и да се продолжи барем до крајот на оваа сезона.

„Црвено црните“ ќе атакуваат на освојување на шампионатот, а во моментов имаат предност од осум бодови пред Шкендија која е на втората позиција.

Вардар се врати во Анталија, а до пред почетокот на првенството во Македонија ќе одиграат уште неколку пријателски средби.