Претседателот на Барселона го прекина фотографирањето на Де Јонг поради девојка му (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френки Де Јонг вчера беше официјално претставен како нов фудбалер на Барселона. Тој уште во јануари го договори трансферот во Каталонија, но до крајот на сезоната остана во Ајакс.

Овој 22-годишен фудбалер пристигна во Барселона, кадешто на претставувањето беше заедно со неговото семејство и вереничката Мики Кименеј. Тие двајца се фотографираа, а потоа во кадарот неочекувано влета и претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу.

Тој на изненадување на девојката на Де Јонг ја симна торбата од нејзиното рамо, а потоа дозволи да се фотографираат. Иако девојката на фудбалерот не можеше да разбере зошто го направи тоа Бартомеу, сепак веднаш стигна објаснување.

Торбата која ја носеше таа беше од „Диор“, а познато е дека „Најк“ е спонзор на Барселона, па во договорот не дозволува рекламирање на било која друга компанија на претставување на новите фудбалери.

 

View this post on Instagram

 

Caption this ?? @frenkiedejong @mikkykiemeney @fcbarcelona

A post shared by 433 (@433) on