Претседателот на Трабзонспор потврди дека Ливерпул посакува нивен играч


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според претседателот на Трабзонспор, Ливерпул испратил понуда за голманот на турскиот клуб, Угурчан Чакир.

Чакир е поврзуван со трансфер на „Енфилд“ во последно време,а претседателот на клубот го потврди интересот на англискиот клуб.

„Има понуди за Чакир, продолжуваме да примаме понуди. Беше кажано дека и Ливерпул испратил понуда. Тим кој не е поразен во Премиер лигата го сака мојот голман, со други зборови голман на Ливерпул во моментов брани за мојот клуб“ –изјави Ахмет Агаоглу.