Преживеа инфаркт, па го водеше тренингот на Реал Мадрид пред финалето со Барселона!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на кошаркарите на Реал Мадрид, Пабло Ласо беше на последниот тренинг на неговата екипа, откако неодамна доживеа срцев удар.

Шпанскиот тренер имаше операција по инфарктот, па им даде совети на своите кошаркари пред мечот против Барселона.

„Ви благодарам на илјадниците пораки кои ми ги испративте. Невозможно е на сите да одговорам, па затоа ви испраќам благодарност на сите. Многу сум добар, веќе дојдов на тренинг, но нема да бидам на мечот“, кажа Ласо.

Средбата се игра вечерва од 21 часот, а екипата ќе ја предводи неговиот помошник, исто како и против Басконија.