Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Валенсија се наоѓа во тешка ситуација и се бори за опстанок сезонава, па поради тоа Питер Лим ќе се обиде да го продаде тимот, а потенцијален купувач е принцот од Малезија, Тунку Исмаил Султан Ибрахим.
Султан Ибрахим, наводно е подготвен да плати неверојатни 408 милиони евра за да го преземе тимот од Шпанија и сака да испише историја.
„Мотивот не ми е да правам пари со Валенсија, ќе се обидам да испишам историј. Фудбалот за мене не е новост, основач сум клуб кој од кандидат за испаѓање стана шампион. Во осум години освоив осум трофеи. Клубот е најголем во јужниот дел од Азија. Сега сакам да ја проширам мојата имкперија и да одам во нови предизвици. Тука сум за успехот, славата и историјата. На Валенсија и е потребен човек со големи амбици и човек кој го познава фудбалот. Првиот чекор ќе биде Валенсија да ја вратиме на фудбалските луѓе“, изјави Султан Ибрахим.