Пристигна загрижувачка вест за Модриќ, па Анчелоти откри каква е состојбата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лука Модриќ има договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната, а шпанскиот портал „Дефенса Сентрал“ објави загрижувачка вест.

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ сè уште нема понуда за следната сезона, иако во изминатите недели се поврзуваше со заминување во Саудиска Арабија или САД.

Модриќ засега не е за во пензија, иако се појавија и такви шпекулации, а тоа го потврди тренерот Карло Анчелоти.

„Гледам дека Модриќ е подготвен, минува низ добар период и најверојатно ќе биде стартер против Мајорка“, кажа Анчелоти.