Проблеми пред мечот со Шамрок: Шкупи слетал на 300 км од Даблин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот шампион Шкупи слета на 300 км од Даблин, каде што треба да се соочи против Шамрок роверс во третото квалификациско коло на Лигата на Европа.

Шкупи организираше лет до Даблин, но сепак се соочи со проблеми и морале да слетаат на 300 км од главниот град на Ирска до кој ќе патуваат со автобуси.

„Ирците направија срамен потег кон нас. Шкупи одвои пари од буџетот за фудбалерите со чартер лет да може да слетаат во Даблин, но ирската Влада не ја слуша УЕФА. Тие нè натераа да слетаме на 300 км од Даблин. Сакаме да посочиме дека нашиот тим има силен карактер и на теренот денеска ќе го покажеме тимскиот дух и ќе се бориме како лавови“, соопштија од Шкупи.

Мечот меѓу Шамрок и Шкупи се игра во Даблин од 21.00 часот.