Проблеми во рајот: Белингам се скарал со соиграчите, Анчелоти ги загуби нервите (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид киксна на почетокот на новата сезона во Ла Лига, откако одигра само 1-1 на гости кај Мајорка.

„Кралевите“ го постигнаа првиот гол преку Винисиус Жуниор, но потоа Муричи израмни за конечни 1-1.

На социјалните мрежи се појави и видео на кое може да се забележи дека Џуд Белингам им се развика на Килијан Мбапе, Винисиус и Родриго.

„Вие тројца, завршете ги акциите затоа што трчањето назад е тешко“, викаше Белингам по соиграчите.

Ниту тренерот Карло Анчелоти не остана мирен, туку реагираше бурно и застана во одбрана на напаѓачите на екипата.