Проблеми за Барселона: Куман заврши во болница!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта прави ремонт на екипата, а наскоро треба официјално да каже дали Роналд Куман ќе остане тренер на екипата или ќе заработи отказ.

Каталонците до самиот финиш беа во трката за шампионската титула, но серијата очајни резултати на крајот ги оставија зад ривалите Атлетико Мадрид и Реал Мадрид.

Пред неколку дена Куман и Лапорта имаа состанок по кој се појавија шпекулации дека Холанѓанецот останува на тренерската клупа, но јасно е дека одлуката не е конечна.

Лапорта му соопштил на Куман дека бара нов тренер, а доколку не пронајде, тогаш Холанѓанецот ќе остане во Барселона, но тоа очигледно му предизвикува притисок на стратегот, кој заврши во болница.

Шпанските медиуми објавија дека Куман имал напад на анксиозност и морал да заврши во болница, а ова не му е првпат да има проблеми зашто лани доживеа срцев удар.