Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Минатиот викенд Герет Бејл е прогласен за фудбалер кој имаше едно од најголемите промашувања во кариерата, но уште полош случај ни доаѓа од нашето соседство, поточно од Србија.
Во вториот ранг на српското првенство минатиот викенд играа Бежанија и Бечај, а на крајот домаќините успеаа да победат со минимални 1-0.
Меѓутоа, главната приказна од овој натпревар беше неверојатно промашување, кое го имаше фудбалерот на домашниот тим, Александар Катаниќ.
Тој од само еден метар со глава успеа да го промаши празниот гол. Видеото стана хит на социјалните мрежи и тоа со причина, а промашувањето може да го погледнете на видеото на делот 1.30.















