Пропадна идејата за Барселона: Димитриевски се сели во Саудиска Арабија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски, кој сезонава игра одлично за екипата на Рајо Валјекано во шпанската Ла Лига, е блиску до трансфер, но не во Барселона како што се очекуваше, туку во Саудиска Арабија.

Италијанскиот новинар Руди Галети пред три дена го најави можниот трансфер и на Твитер напиша дека Димитриевски се договорил со Ал Наср за личните услови од договорот, па сега останува на екипата да преговара со Рајо Валјекано.

Ова е мало изненадување, со оглед на тоа дека и други познати новинари најавуваа трансфер на Димитриевски во каталонскиот гигант, но очигледно тоа нема да се случи од, засега, неразјаснети причини.

Димитриевски ќе стане втор македонски репрезентативец во С. Арабија доколку потпише со Ал Наср, откако таму заигра и Езгјан Алиоски, кој минатото лето се пресели во Ал-Ахли.