Пропаднаа Погба, Гомеш, Канте, ова е контраударот на Перез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид пропушти три посакувани фудбалери, а состојбата на добри фудбалери на пазарот е се помала.

Зинедин Зидан го сакаше Канте, Перез го сакаше Погба, а Андре Гомеш беше алтернатива, a Реал ги изгуби сите тројца. Канте потпиша за Челси, Андре Гомеш за Барселона, а Погба е на чекор од Манчестер Јунајтед.

Тоа го натера Флорентино Перез да се насочи кон новите мети, а сега прв на листата е Муса Сисоко од Њукасл.

Французинот одлично го одигра ЕП, интерес има, а Њукасл за него бара 30 милиони.

Шпанските медиуми соопштија дека Реал е спремен да понуди помеѓу 30 и 40 милиони за 26-годишниот Французин кој може да игра на неколку позиции во средниот ред.

Тој би можел да ја засили конкуренцијата во средниот ред, но може да игра и како десно крило.

Реал би можел да биде во проблем бидејќи Хамес е незадоволен од минутажата и не сака да биде резерва, а Матео Ковачиќ не ги оправда очекувањата и се очекува да замине.