Прославата на „кралевите“ била прекината по информацијата за повредата на Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа во „Ел Класико“ славеше со 2-0 против вечниот ривал Барселона, но утринава добија катастрофална вест и таа е поврзана со Еден Азар.

Азар се повреди во дуелот против Леванте и сега го очекува долга пауза затоа што ќе мора да оди на операција бидејќи тоа е единствено решение.

Шпански „АС“ пишува дека тоа најверојатно значи пропуштање на цела сезона од страна на Белгиецот, но најверојатно Азар ќе биде подготвен за настап на Европското првенство ова лето.

Азар сезонава одигра само 15 натпревари за „кралевите“ и постигна само еден гол, па сезоната за него е завршена и му останува надеж дека следната сезона ќе успее да ги оправда парите вложени во него.