„Против Аѕурите никогаш не е лесно да се игра“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој натпревар доаѓа прерано, Шпанија требаше да ја освои групата и тогаш тоа би било одлично финале.

Би било тоа прекрасен начин да се реваншираат за поразот во финалето на минатото лето, но може тоа да го направат и во осмина финалето, најави Андреа Пирло.

„Тие 4:0 беа фрустрирачки, се чувстувавме ужасно бидејќи не успеавме да го покажеме она најдоброто од себе. Сега сме во тешкиот дел од ждребот, но се навикнавме на тоа. Пред четири години ги имавме по ред Англија, Германија и Шпанија, сепак бевме во финалето“, рече Пирло па продолжи:

„Мислам дека Шпанија е повеќе загрижена за ждребот отколку ние, против Аѕурите никогаш не е лесно, посебно против оваа Италија“, заклучи Пирло.