Прпрво во пензија отколку 120 милиони за еден играч!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Другите можат да трожат големи пари, доведување на најдобрите играчи, но јас сакам да работам подруго“, рече Германецот.

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп значително подруго од останатите свои колеги од големите клубови гледа на астрономските трансфери, кои од лето во лето се се поголеми.

На  темпераментниот германски стратег далеку е поважен квалитетот на компатната екипа отколку само еден играч.

„Ако доведете еден играч за 120 милиони евра, а тој се повреди – тоа е како дел од чадот оди низ оџакот.

Едно време кога фудбалот ќе се сведува само на тоа, јас повеќе нема да бидам во оваа работа, бидејќи фудбалот е тимска игра.

Така сите го сфатија фудбалот, но мораш да имаш тим. Другите можат да трошат големи пари, да ги доведуваат најдобрите играчи, но јас сакам да работам подруго. Дури и кога би можел да потрошам толку пари, би ги потрошил подруго“, рече менаџерот на Ливерпул.

На Клоп повеќе му се допаѓа системот кој го гради Барселона.

„Ако ги потрошив парите, тоа затоа што сакам да иградам тим, вистински тим. Барселона тоа го направи. Можете да го освоите првенството, можете да освоите титула, но постои начин за тоа што сакате да го направите“, рече Германецот.