Прв беше кој одби да клекне за време на химната, а синоќа го изнесоа од терен со – количка! (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Крилниот кошаркар на Орландо Меџик, Џонатан Ајзак настрада во последната четвртина од победата против Сакраменто (132-116) во четвртиот ден од продолжението на НБА-лигата.

При влегувањето кон кошот се фати за левото колено и падна на паркетот, каде што остана долго да лежи, додека во инвалидска количка не го изнесоа од теренот.

Прегледите покажаа дека ги скинал лигамментите на коленото, кое го повреди во првиот дел од сезоната, поради што пропушти дури 31 меч.

Ајзак во петокот беше главна вест во американските медиуми затоа што беше прв кошаркар кој во продолжението на сезоната не клекне за време на химната во знак на поддршка на борбата против расизмот.