Првиот човек на ЕХФ: Никој не може да гарантира дека Вардар ќе игра во ЛШ идната сезона!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер е специјален гостин во Македонија на Европското првенство (ЕП) за жени.

Видерер на брифингот за медиумите зборуваше и за поранешниот европски шампион Вардар, кој беше исфрлен од Лигата на шампиони (ЛШ).

„Никој не сакаше да направи таков чекор затоа што знаеме дека станува збор за двократен европски првак. Се обидовме да најдеме решение, но бевме под притисок од останатите клубови кои обвинија дека Вардар не игра чесно, односно ветува големи плати и потоа не може да им ги исплати на ракометарите. Ниту јас, ниту било кој друг не може да гарантира дека Вардар ќе игра во ЛШ следната сезона“, вели Видерер.