ПСЖ посакува тројца играчи од одбраната, меѓу нив еден поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Повеќе од јасно е дека ПСЖ ќе го засилува својот состав во летниот преоден рок откако оваа сезона не успеаја во намерата да стигнат што подалеку во Лигата на шампионите.

Томас Тухел веќе издвоил неколку фудбалери со кои ќе ја засили последната линија пред голманот, па така идентификувани се два леви бекови, како и еден десен бек за следната сезона.

Томас Мение веројатно ќе си замине од „Паркот на принцовите“, па него би требало да го замени Кристијано Пичини од Валенсија. Тухел го идентификувал и Далеј Блинд како опција за одбраната. Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед може еднакво добро да игра и на левата бековска и на стоперската позиција.

Последен во листата на трансфер желби на германскиот стратег е Кристијано Бираги од таборот на Фиорентина.