Пукна петарда во мрежата на Баерн Минхен, Нико Ковач ги пакува куферите? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен доживеа невиден срам и огромен дебакл откако во Франкфурт беше торпедирана со 5:1 од домашниот Ајнтрахт.

„Баварците“ уште на самиот старт од натпреварот останаа без Боатенг кој во 9. минута заработи директен црвен картон.

Српскиот интернационалец Костиќ ја начна мрежата на Баерн во 25. минута, а Со во 33 веќе зголеми на 2:0. Зрак на надеж за Баерн донесе Левандовски кој го намали резултатот во 37. минута.

Во вториот дел следуваше вистинска катастрофа за Баерн . Абрахам, Хиртенегер и Пасиенса до врв ја наполнија мрежата на Нојер и го понижија гостинскиот тим.

По овој пораз сериозно се тресе клупата на хрватскиот стратег Нико Ковач, па ништо чудно тој наскоро да добие отказ затоа што Баерн нема најдобар старт и во моментов се наоѓа на 4. позиција на табелата со 18 бода.

Головите од натпреварот може да ги погледнете на следниот ЛИНК