Работниците работат 24 часа дневно, стадионот на Реал Мадрид е при крај!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште од почетокот на пандемијата во 2020 година, која ги забрза работите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид игра на помошниот стадион „Алфредо ди Стефано“.

Капацитетот на главниот стадион ќе остане 81.000 навивачи, но со нов надворешен изглед и ќе добие голем број атракции, како екран од 360 степени, шопинг-центар, хотел, нови ресторани, подземна гаража…

Реал требаше да го отвори стадионот на 12 септември, но нема да биде додека не завршат сите работи на стадионот.

Реал очекува стадионот целосно да биде завршен и среден до крајот на 2022 година или почетокот на 2023, доколку се случи нешто непредвидено.

Околу 800 вработени се постојано на стадионот и работат 24 часа дневно во три смени по осум часови.