Раиконен и Џовинаци потпишаа со Алфа Ромео, нема место за синот на Шумахер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачи на Алфа Ромео во следната сезона ќе бидат повторно Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, откако денеска ги продолжија договорите.

За Раиконен ова ќе биде 19 сезона во Формула 1, кој на 11 октомври на трката во Германија стана возач со најмногу стартови во трките, односно 322.

Раиконен во Ф1 дебитираше во екипата на Заубер, која од минатата година се нарекува Алфа Ромео.

„Алфа Ромео за мене е повеќе од екипа, тоа ми е како второ семејство. Многу луѓе беа околу мене кога дебитирав во Формула 1 во 2001 година. Не би бил тука ако не верувам во проектот на екипата и тоа што мислам дека може да го оствариме заедно“, кажа Раиконен.

Ова значи дека место во екипата на Алфа Ромео нема да има за Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, кој се поврзуваше со тимот од Ф1.