Рајковиќ од Москва: Чести ќе ми биде да ја предводам ЦСКА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот тренер Емил Рајковиќ пристигна во Москва, каде што ќе работи како тренер на рускиот гигант ЦСКА.

Рајковиќ имаше кратко обраќање до фановите, при што кажа дека ќе му биде чест да го предводи тимот на ЦСКА, кој следната сезона за жал нема да игра во Евролигата.

„Чест ми е, веќе разговарав со раководството. Да се работи со еден од најдобрите тимови во светот е голем предизвик. Сакам да ги повикам навивачите да ни дадат поддршка и заедно да се радуваме на успеси. Сакаме да ја вратиме титулата“, кажа Рајковиќ.

Рајковиќ потпиша двегодишен договор, а во текот на кариерата ги тренираше Карпош Соколи, Работнички, МЗТ, Сласк, Астана и други тимови.