Рамос му се развика на навивач: Доста, покажи малку почит! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Севилја доживеа нов пораз во Ла Лига, и тоа на домашен терен со 0-2 од Атлетик Билбао, по што Серхио Рамос влезе во пресметка со навивачите.

Еден од навивачите постојано го навредуваше Рамос додека шпанскиот дефанзивец даваше изјава, па ги загуби нервите.

„Доста. Покажи малку почит, гледаш дека разговараме. Почитувај го народот и грбот на Севилја. Ајде замолчи“, викаше Рамос кон навивачот.