Рампа за Манчестер јунајтед, никој не сака да се пресели на „Олд Трафорд“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на ПСЖ, Маурицио Покетино даде краток коментар по поразот од Манчестер сити дека фудбалерите го знаат неговиот статус во клубот.

Аргентинецот уште еднаш стави точка на можноста да го преземе Манчестер јунајтед.

„Живееме во време на многу шпекулации. Не е вредно воопшто да се разговара на таа тема“, кажа Покетино, а на неговите зборови се приклучи и капитенот Маркињос, кој кажа дека не ги интересираат шпекулациите.

Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс повторно доби прашање за можноста да го преземе Јунајтед, но тој има договор до „лисиците“ до 2025 година.

„Најпрво, непријатно е да се поставува прашање кога веќе имаат тренер, кој е одличен“, кажа Роџерс и го пофали Мајкл Керик.