Распродажба на „Сантијаго Бернабеу“: Реал Мадрид продава неколку фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид реши да продаде неколку фудбалери, а меѓу нив е и Тео Ернандез. По една година на позајмица во Реал Сосиедад, се очекува тој да стане член на Милан во понеделник по медицинските прегледи.

Клубовите постигнаа договор, како и Милан со фудбалерот, па остана само уште да се потврди трансферот.

Реал од продажбата ќе добие 20 милиони евра, а со продажбата на Матео Ковачиќ и Маркос Љоренте би можеле да стигнат до сума од 100 милиони евра.

Се очекува „кралевите“ да добијат и уште 100 милиони од Герет Бејл и Хамес Родригез, па така ќе покријат голем дел од буџетот, кој го потрошија на засилувања летово.